Ердоган побара одземање на имунитетите на пратениците Курди

Турскиот претседател Реџеп Тајип Еродган денеска побара од Парламентот на Турција под итно да им ги одземе имунитетите на пратениците од редовите на курдската Демократска партија на народите (ХДП).

– Треба под итно да ја завршиме постапката за одземање имунитетите, порача Ердоган.

Ваквото барање на турскиот претседател уследи три дена по самоубиствениот напад во Анкара, за кој властите ги обвинија курдските бунтовници.

Ердоган се заложи и за проширување на значењето на кривичното дело „терористички злосторства“, со што со него би се опфатиле не само извршителите на терористички акти, туку и „нивните соучесници – политичари, интелектуалци или новинари“.