Ердоган победи на изборите со 52 отсто од гласовите

Резултатите по 99 отсто од пребројани гласови покажаа дека турскио премиер Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори во Турција кои се одржаа во неделата. Тој освои 52,1 отсто од гласовите во првиот круг, јавуваат турските медиуми.

Неговиот главен противник Екмеледин Ихсаноглу доби 38, 8 отсто од гласовите, а курдскиот кандидат Селахатин Демиртас 9,1 отсто од гласовите, пренесува АФП.

Ердоган синоќа изјзави дека турските граѓани ја покажаа својата волја на претседателските избори, но формално не прогласи победа,  туку изјави дека подоцна ќе даде изјави, наведува АП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.