Ердоган почнува битка против „паралелната држава“

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган почна битка против „паралелната држава“ и се очекува овие денови да ги открие оние кои поставиле уреди за прислушкување во неговата канцеларија, објави електронското издание на весникот „Милиет“.

Реномираниот и со влијание во круговите од владејачката Партија за правда и развој и колумнист во провладиниот весник „Јени Шафак“, Абдулакадир Селби го сврти вниманието кон решителното, но истовремено и тајно однесување на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Објаснувањето му е дека премиерот „не сака некои нешта да излезат на виделина“.„Како што ја спроведовме битката против военото туторство, така ќе водиме битка и против туторството на религиозната јавност“, посочува Селви, цитиран од весникот „Милиет“.