Ердоган попознат од Мајли Сајрус

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се наоѓа на второто место во традиционалната анкета на списанието „Тајм“ за „Човек на годината“, информира електронското издание на весникот „Милијет“.

До финалниот фаза на традиционалната анкета на американското списание стигнаа три личности: турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, сторителот на последниот воен преврат во Египет – генерал Абдел Фатах ал Сиси, како и скандалозната Мајли Сајрус, позната по улогата на Хана Монтана во истоимениот серијал.

Спорет тридневното досегашно онлајн гласање, резултатите се следниве: Абдел Фатах ал Сиси освоил 26,2 отсто од гласовите, Реџеп Таип Ердоган – 20,8 отсто, а Мајли Сајрус – 16,3 отсто.

На 11 декември ќе биде официјално објавено кој е „Човекот на годината“, според рангирањето на списанието „Тајм“, посочи уште весникот „Милијет“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.