Ердоган повторно го нападна братството на Фетхулах Гулен

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска повторно го нападна братството на муслиманскиот проповедник Фетхулах Гулен, што тој често го обвинува за заговор, пренесе „АФП“.

За време на говорот пред турските амбасадори во Анкара, Ердоган ги повика дипломатите да им го опишат на своите странски колеги вистинското лице на организацијата, нејзините амбиции и желби, како и степенот на заканата, што таа ја претставува.

Ердоган го обвини братството уште за воспоставување на империја на стравот во Турција.

Премиерот продолжува да тврди дека организацијата на Гулен стои зад истрагата за антикорупциски скандал кој ги зафати десетици познати личности блиски на Ердоган.