сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Ердоган: Преминот кон претседателска власт не е за мој бенефит

Не се вознемирувајте. Секој систем ги создава своите лидери, своите шефови. Со Божја волја Турција секогаш ќе има еден Ердоган, посочи претседателот

erdogan

Последни вести

Планот за засилување на претседателските овластувања во Турција не е за бенефит на сегашниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, туку за доброто на земјата, изјави денеска самиот Ердоган, пренесува ДПА.

Ова прашање не е лично прашање за мене, изјави Ердоган во говор пред градоначалниците во Анкара.

Не се вознемирувајте. Секој систем ги создава своите лидери, своите шефови. Со Божја  волја Турција секогаш ќе има еден Ердоган, посочи претседателот.

Откако ја презеде претседателската функција во 2014 година, Ердоган се залага за промени во Уставот, кои ќе му овозможат да ги прошири своите претседателски овластувања. Пакетот уставни промени, што предвидува воведување извршна претседателска власт, беше усвоен од Парламентот и се сега се очекува одобрение од самиот Ердоган за прашањето за проширување на ингеренциите да се предложи за изјансување на референдум, што најверојатно ќе се оддржи уште во април.

Ердоган ја брани тезата дека реформите ќе доведат до силно лидерство, неопходно за да се спречи враќање на власт на нестабилните коалициски влади од минатото.

Критичарите на уставните промени велат дека пакетот реформи ќе го зголеми авторитаризмот во земјата.

Најчитани вести