Ердоган: Приоритет на жените треба да биде мајчинството

Приоритет на жените треба да биде мајчинството, бидејќи тоа е правилниот исламски начин на живот.

Жените и мажите не можат да извршуваат иста работа, бидејќи тоа е во спротивност на закониоте на природата, смета турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Не можете да поставите една мајка, која дои, на иста функција и да имате исти очекувања од неа како од мажот, кој нема такви одговорности. Приоритет на жените треба да биде мајчинството, бидејќи тоа е правилниот исламски начин на живот, истакнал Ердоган на конференцијата во Истанбул, посветене на жените и праведноста.

Според податоци на Светска банка, учеството на жените во работната сила на Турција е ниско – 29 проценти, додека во Германија и во САД е 57 отсто.

Голем број на жените во Турција се жртви на семејно насилство. Во 2013 година 214 жени биле убиени од нивните партнери.