понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Ердоган прогласи вонредна состојба во Турција во траење од три месеци

Последни вести

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти вчера дека во земјата е воведена вонредна состојба, која ќе трае три месеци.

Тој тоа го соопшти во живо во обраќањето, кое директно го пренесуваше телевизијата, откако претходно беше одржан состанок на Советот за национална безбедност пренесува МИА.

Ердоган истакна дека ова одлука е согласно Уставот и наведе дека целта е брзо и ефикасно да се преземат мерки против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Турскиот претседател изјави дека Европејците немаат право да ја критикуваат одлуката на Турција за воведување вонредна состојба.

Тој наведе исто така дека ќе дејствува како претседател и како главен командант на вооружените или со цел да го исчисти „вирусот“ од војската.

Турскиот лидер додаде дека вооружените сили се под команда на владата и оти дејствуваат во согласност со нејзините одлуки.

Во обраќањето тој говореше и за состојба за во економијата, наведувајќи дека лошите рејтинзи на кредитните агенции не ја одразуваат реалноста на турското стопанство, како и дека турскиот пазар нема проблем со ликвидноста.

Тој во интервју за каналот Ал Џазира нагласи дека само малцинството од вооружените сили се вмешани во обидот за пуч, но додаде дека се уште не е јасно колку луѓе точно учествувале.

– Јасно е дека станува збор за мала вооружена сила. Терористичката организацијата се обидела да го изведе тоа да малцинството доминира над мнозинството, рече Ердоган

Тој напомена дека постои можност двата турски пилота, кои го соборија рускиот авион Су-24 во ноември 2015 година да бидат поврзани со тајната организација на имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, а кого Ердоган го обвинува за вмешаност во пучот.

Ердоган истакна дека двајцата пилоти, кои минатата година го собориле рускиот борбен авион се уапсени по пучот, дека веројатно судството ги пронашло и дека од тие причини се приведени.

– Можеби и тие имаат врска со Пенсилванија. Секако судството ќе стори се за да ги испита. Тие можеби имаат врска со таа група. Меѓутоа немаме јасни докази дека тоа е поврзано со инцидентот со рускиот авион, додаде Ердоган.

Турскиот претседател исто така напомена дека е можно некои земји да се вмешани во обидот за воен удар, во кој загинаа речиси 300 лица, а уште неколку стотици се повредени.

Најчитани вести