Свет

Ердоган ќе се сретне со Путин

Ердоган ќе се сретне со Путин

Ердоган ќе се сретне со Путин во Москва. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе престојува во еднодневна посета на Русија за време на која ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува МИА, повикувајќи се на ТАСС.

Разговори за „Турски тек“

Главното внимание во разговорите се очекува да се насочи кон проблемите околу проектот за гасоводот „Турски тек“, кој Путин и го предложи на Турција наместо спорниот „Јужен тек“.

„Турски тек“ требаше да биде отворен кон крајот на 2016 година. Неодамна Турција сепак објави дека ќе го замрзне проектот, обвинувајќи ја затоа руската страна.

Разговори за „Турски тек“
Разговори за „Турски тек“

Москва, пак, објави дека очекува проблемот да биде решен со новата турска влада, која ќе биде избрана по предвремените избори на 1-ви ноември.

Според турски претставници, двајцата претседатели покрај за гасоводот „Турски тек“, ќе разговараат и за сириската криза, нападите на терористичката групација Исламска држава и ситуацијата во Украина.

Ердоган во Москва ќе присустува на церемонијата на отварање на реконструираната Соборна џамија во Москва, во пресрет на празникот Курбан бајрам.