Ердоган: Русија да не го расипува пријателството со Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денес ја предупреди Русија дека ќе загуби многу доколку го расипе пријателството со Анкара и нагласи дека Турција нема да седи со скрстени раце ако руски авиони и понатаму го нарушуваат нејзиниот борбен простор.

– Нападите врз Турција значат напади врз НАТО, рече Ердоган на заедничка прес-конференција во Брисел со белгискиот премиер.

– Нашите добри односи со Русија се познати. Но доколку Русија загуби пријател како Туција, со кого ќе соработува за многу прашања, таа ќе загуби многу и треба да биде свесна за тоа, нагласи турскиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.