Ердоган: САД го предизвикува крвопролевањето во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини Вашингтон дека го предизвикува крвопролевањето во Сирија, со тоа што не ги признава курдските сили што се борат против ИД како терористи, пишува „Раша Тудеј“.

Ставајќи нов притисок на своите НАТО сојузници, Ердоган ја стави под знак прашалник посветеноста на Вашингтон како член на коалицијата.

О Америка! Ви кажав многу пати, или сте со нас или со сите овие терористички организации. Не успавте да ги контролирате и затоа регионот се претвори во Море од Крв, рече Ердоган притоа мислејќи на Сириската Курдска демократска партија и нејзиното борбено крило, Единиците за заштита на лиѓето, што според САД не се терористички групи.

kurdski-borci-sirija

Имаме пишани докази! Има кажавме на Американците дека тоа се терористички групи, но Американците велат дека не ги гледаат како терористи. Сојузиниците еден на друг не си велат: Непријателот на мојот непријател ми е пријател. Мора да имате принципи, но овде нема принципи.

Оваа изјава на Ердоган доаѓа по затегнатиот дипломатски однос помеѓу САД и Турција за нивните цели во Сирија, каде и двете земји се борат против ИД.