Ердоган: САД го жртвуваат стратешкото партнерство со Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата повтори дека падот на турската лира е резултат на политички заговор против неговата земја, којашто ќе одговори со барање нови пазари сојузници, додека се разгорува кризата во односите со САД.

„Целата на овие операции е постигнување пораз на Турција во сите сфери, од финансиите до политиката. Повторно сме соочени со политички заговор. Со Божја помош ќе го решиме ова“, изјави Ердоган пред своите приврзаници во Трабзон на брегот на Црното Море.

„Доколку Вашингтон е подготвен да ги жртвува своите односи со Анкара, Турција ќе реагира со преминување на нови пазари, нови партнерства и нови сојузници, на штета на оние кои започнаа економска војна против целиот свет, вклучувајќи ја и нашата земја“, порача Ердоган.

„Ни преостанува само да им кажеме збогум на оние коишто решиле да го жртвуваат своето стратешко партнерство и сојузот стар половина век со земја од 81 милиони жители, за да ги сочуваат своите односи со тероритичките групи“, додаде турскиот претседател.

Порача дека Турција ја увидела оваа игра и го прифаќа предизвикот, осврнувајќи се на флуктуациите на турската лира во однос на американскиот долар. Во петокот лирата падна на нов минумум од 6,6 лири за долар, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини на увозот на алуминиум и челик од Турција во износ од 20 односно 50 отсто.

Турското министерство за трговија го нарече американскиот потег „незаконски“, против прописите на Светската трговска организација (СТО – WTO).

Ердоган во неделата истакна дека турската економија не е на работ од економската криза, наведувајќи ги зголемувањата на приходите од прозовидството, извозо и туризмот.

„Тие се обидуваат да го постигнат она што не успеаја да го сторат преку провокациите и обидот за државен удар“ (од јули 2016-та), рече Ердоган.

Турскиот претседател во саботата не ги спомена директно САД, но во својот говор во неделата ги обвини за соработка со терористичките организации како што се сириските курдки милиции Единици за заштита на народот (YPG), која Анкара ја смета а сириски огранок на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК), која исто така е на листата терористички организации на САД и на ЕУ.

Ердоган го отфрли ултиматумот од Вашингтон да го ослободи американскиот пастор Ендрју Брансон, кој уште од летото 2016 година е обвинет за соработка со силите коишто тогаш неуспешни се обидоа да изведат државен удар, и потседи дека е обвинет за тероризам.

Ердоган предупреди дека САД го „менуваат стратешкиот партнер во НАТО за еден пастор“ и во својот говор во Орду во саботата.

„Ние се поклонуваме само пред Бога. Поргешно е да се обидува да се казни Турција за свештенико. Уште еднаш им се обраќам на САД: Тоа е срамно. Го менувата стратешкиот партнер во НАТО со пастор. Ќе сториме се’ но само што го бара правдата“, заклучи Ердоган.