Балкан

Ердоган: САД се безобѕирни во притисокот врз Анкара

Ердоган: САД се безобѕирни во притисокот врз Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека САД се безобѕирни во притисокот врз Анкара да помогне во одбраната на сирискиот град Кобане, кој е под опсада на џихадистите од групацијата Исламска држава, пишува МИА.

– Сакам да знаете дека сме против безобразието, безобѕирноста и бескрајните барања – рече Ердоган.

Вашингтон врши притисок врз Анкара за користење на турската воздухопловна воена база Инџирлик во регионот Адана, во јужна Турција за американските авиони во воздушните напади врз екстремистите од ИД.

Односите меѓу САД и Турција се влошија изминатите неколку месеци поради неподготвеноста на турски власти Турција воено да се вклучи во меѓународната коалција против џихадистите во Ирак и Сирија.

Американскиот потпретседател Џо Бајден и Ердоган без поголем успех се обидоа минатиот викенд да ги помират ставовите во борбата против ИД.