Ердоган сака да ги замени приватните обезбедувачи на јавните згради со полицајци

По двата смртоносни напади во Истанбул, регистрирани неделава, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака чуварите од приватните служби за обезбедување, кои сега ги чуваат јавните згради, да ги замени со полицајци, соопшти денеска локалната полиција.

Во средата припадничка на радикална левичарска група отвори оган од автоматско оружје во главната полициска управа во Истанбул, пред да биде убиена од силите на редот.

Ден претходно, двајца вооружени милитанти од истото движење, Партија/Револуционарен фронт за ослободување на народот  влегоа во зградата на истанбулскиот суд претставувајќи се како адвокати и еден од обвинителите во судот го зедоа како заложник.

Двете згради биле отворени за јавноста, а ги чувале приватни оебзбедувачи.

Ердоган сака полицијата од сега да ги обезбедува судовите, болниците и фудбалските стадиони.