Ердоган се извини, а Русија ќе го рестартира „Турски тек“

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ е подготвен да продолжи да го финансира гасоводот „Турски тек“. Гасов одот ќе носи природен гас од Русија до Турција и потенцијално понатаму во јужна Европа, пренесува „Раша Тудеј“.

Во понеделникот, откако Ердоган упати извинување до претседателот Путин за соборувањето на рускиот бомбардер над Сирија, руската државна компанија „Газпром“ најави дека е „отворена за дијалог“ и подготвен да ги продолжи разговорите со Анкара за исградба на „Турски тек“. По инцидентот „Турски тек“ беше во прекин.