Ердоган се надева дека ќе отвори турска амбасада во источен Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во неделата дека се надева оти Турција наскоро ќе отвори своја амбасада во источен Ерусалим, како главен град на палестинската држава и повторно предупреди на американската одлука Светиот град за престолнина на Израел.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердогане најостриот критичар на одлуката од 6-ти декември ја ефектуираше американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Државата Израел.

Муслиманските земји го повикаа светот од самитот во средата во Истанбул да ги признае источен Ерусалим за палестинска престолнина.

Израел ги освои источен Ерусалим во текот на ткн Шестдневна војна од 1967 година и потоа го присоедини на израелските територии, што меѓународната заедница никогаш не го призна. Палестинците го сакаат источен Ерусалим за главен град на нивната идна држава кон чиешто формирање тежнеат.

„Градот е под окупација и ние не можеме едноставно таму да отидеме и да отвориме амбасада“, рече Ердоган во говорот пред своите сопартијци во Караман, на југот од Турција.

Турција ги обнови пред две години дипломатските односи со Израел и има амбасада во Тел Авив и конзулат во Ерусалим.

Турскиот претседател изјави дека американската одлука е „резултат на ционистичкото и евангелистичко размислување и логика“. „Израел нема право да го присвојува Ерусалим, главниот град на муслиманите“, порача Ердоган.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.