Ердоган се сомнева во неучеството на САД во извлекувањето на ИД од Рака

© REUTERS / Erik De Castro

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган смета дека се неубедливи уверувањата на Пентагон дека САД не учествувале во извлекувањето неколку десетици борци на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД) од сирискиот град Рака.

Турскиот претседател потсетува дека САД учествуваат со свои специјалци во копнената операција заедно со борците на сириските Курди. Единици за заштита на народот (YPG). Официјална Анкара ја смета оваа групација за терористичка и поврзана со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) којашто води повеќедеценска вооружена војна против турската држава за поголема автономија или независност на областите населени со Курди.

„Постојат, исто така, извештаи дека тие (џихадистите) им плаќаат на терористите на YPG, кои им превезувале 3.500 камион со оклопни возила и друго вооружување“, го цитира весникот Sabah турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Додава дека САД имаат триенаесет воени бази во Сирија. „При овие факти колку е убедливи САД, кога говорат дека не учествувале во овие дејствија, туку едноставно ги набљудувале“, изјавил Ердоган во разговор во претседателскиот авион на лет за Турција со новинарите коишто го придружувале на неговата турнеја Русија, Кувајт и Катар.

Турскиот челник напомнал дека Анкара го повикувала Вашингтон за заедничка операција против Исламската држава во Рака и Манбиџ. „Меѓутоа, не можевме да ги убедиме. Наместо тоа, САД одлучија да се борат со помош на една терористичка организација против друга“, додал Ердоган.

Во вторникот британскиот јавен сервис BBC објави дека поддржуваната од меѓународната коалиција предводена од САД арапско-курдска коалиција Сириски демократски сили (SDF) им помогнале на околу 250 борци од Исламската држава да излезат од речиси заземената Рака. Претходно сириската влада на претседателот Башар ал-Асад, дека коалицијата во којашто доминираат Курдите им овозможиле безбедно да го напушта Деир-ез-Зор. Дамаск за ова достави информации за ова до генералниот секретар на ОН и претседавачот со Советот за безбедноста.

Американски Пентагон го потврди повлекувањето од Рака на околу 300 борци на Исламската држава во рамки на договорот меѓу SDF и градскиот совет на џихадистите во нивната самопрогласената престолнина на ткн „калифат“, но ги негираше тврдењата дека коалицијата предводена од САД била дел од договорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.