Ердоган смета дека тензиите меѓу САД и Русија се смируваат

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во петокот дека се чини оти тензиите меѓу САД и Русија по наводниот хемиски напад во Сирија се смируваат.

„Би сакале и сакам САД, Русија и сите сили од коалицијата да покажат сензибилитет и во моментов, се чини, атмосферата малку се смирува. Нашите разговори продолжуваат“, изјави во Едроган во разговор со новинарите.

Турскиот претседател последните денови имаше телефонски разговори со рускиот колега Владимир Путин и американскиот Доналд Трамп, откако САД и нивните западни колеги, во прв ред Велика Британија и Франција, заканија со воена акција против Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума, а Русија којашто се сојузник на владата во Дамаск, одговори дека воено ќе одговори на таквите акции.

Турција е сојузничка на САД и членка на НАТО, меѓутоа тесно соработува со Руска на сирискиот мировен процес, иако Анкара поддржува одредени бунтовнички групи, а Москва владата на претседателот Башар ал-Асад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.