Ердоган со остри критики до Папата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати критики до Папата Франциско затоа што масовното убиство на Ерменци за време на Отоманската империја, пред сто години го оцени за „геноцид“.  Тој изјави дека нема да дозволи историските настани да бидат вадени од контекст и да се користи како оружје против неговата земја.

Шефот на државата го предупреди Фрањо да се воздржи од “слични грешки”.

-Го осудувам Папата и го предупредувам да не прави исти грешки и во иднина“, изјави Ердоган, додавајќи дека кога политичарите или верските лидери си играат историчари, тогаш резултатот е делириум, а не факт.