Ердоган: Турција ќе се „збогува“ со Германија доколку ги повлече војниците од Инџирлик

Официјална Анкара ќе и каже „довидување“ на Германија, доколку земјата одлучи да ги повлече своите војници од воено воздухопловната база Инџирлик во јужниот дел на Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави МИА.

Тој во својата изјава на аеродромот „Есенбога“ во Анкара пред да замине за Брисел, каде ќе учествува на средбата на врвот на НАТО, истакна, исто така, дека Турција не добила никакви индиции од Берлин за можно повлекување на германските војници од базата.

Германија минатата недела соопшти дека е можно да ги повлече своите војници од Турција, откако турските власти не им дозволија на германски пратеници од Бундестагот да ги посетат војниците во Инџирлик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.