Ердоган во историска посета на Брисел

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е во официјална посета на Брисел за прв пат по пет години. Во програмата се вклучени средби со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и со претседателот на Европскиот комитет, Жозе Мануел Баросо.

До пред еден месец се сметаше дека посетата на Ердоган ќе придонесе за затоплување на односите на Турција со ЕУ, откако ЕУ даде зелено светло за обновување на преговарачкиот процес, што беше замрзнат во поседните три години.

На 17 декември, минатата година изби корупцискиот скандал во Турција, што ја потресе Владата. За да запре истрагата, Владата презеде мерки за зајакнување на контролата над правда преку судските реформи. Советот на Европа ја предупреди Турција дека слични мерки ќе ја ослабат довербата во државата и ќе ја изложат на опасност демократијата во земјата, што се надева на членство во ЕУ.

„Притисокот применет врз правосудниот систем , претставува опасност за демократијата на Турција, без разлика што го мотивира“, рекол комесарот за човекови права во Советот на Европа Нилс Мужниекс.

Анкара не сака криза во односите со ЕC поради судските реформи . Турскиот министер за ЕУ Мевлут Чавушоглу изјави во пресрет на посетата, дека Турција сака да биде полноправна членка на ЕУ и дека одлучно ќе продолжи да ги исполнува своите обврски. Според Чавушоглу, Турција ќе инсистира пред Брисел за блиска соработка и изготвување на конкретен календар за процесот на преговорите.