Ердоган во историска посета на Грција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе допатува во дводневна посета на Грција. За време на оваа посета која е прва за еден турски претседател по 1952 година, Ердоган ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас.

Главни теми на разговор се очекува да бидат мигрантската криза, регионалните односи, енергетиката, како и кипарскиот проблем. Во пресрет на пристигнувањето на Ердоган, во Грција се воведени засилени безбедносни мерки, а властите забранија и одржување на секакви собири во центарот на Атина.