Ердоган во посета на Босна и Херцеговина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја сака да ги зајакне економските и политичките врски со Босна и Херцеговина, каде досега има инвестирано 50 милиони евра и планира да инвестира уште 25 милиони евра.

Ердоган изјави дека неговата земја сака да ги зајакне економските и политичките врски со Босна и Херцеговина, каде досега има инвестирано 50 милиони евра и планира да инвестира уште 25 милиони евра.

Босанскиот претседател Младен Иваниќ изјави дека зголемениот извоз на храна и други стоки од БиХ кон Турција треба да создаде нови работни места, особено поради фактот дека производството на млеко во земјата има проблеми со извозот во ЕУ.

Ердоган нагласи дека очекува соработка во индустријата за оружје, туризмот и развојот на инфраструктурата.

Турција досега вратила во БиХ 141 лице под сомнение за нивни врски со тероризам, изјави Ердоган, на прес конференција по средбата со членовите на босанското правосудство. Станува збор за луѓе за кои се собрани разузнавачки информации, дека преку територијата на Турција се обиделе да заминат во Сирија и Ирак и да се приклучат кон терористички групи.