Ердоган во посета на Иран

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утре ќе отпатува во официјална посета на Иран и покрај вербалната војна меѓу двете земји а во врска со кризата во Јемен.

Како што пренесува агенцијата Анадолија, Ердоган ќе го посети Иран по покана од страна на претседателот на Исламската Република Иран, Хаса Похани а со него ќе отпатуваат и неколку турски министри.

Во рамки на посетата која за Ердоган ќе биде прва како турски претседател, треба да учествува на состанокот на Советот за висока соработка меѓу Иран и Турција а ќе се сретне и со иранскиот врховен водач,ајатолахот Али Каменеи.