Ердоган со закана дека ќе ги отвори границите за мигрантите кон ЕУ

ердоган

Слушнете ме. Ако и натаму продолжите вака, границите ќе бидат отворени. Имајте го тоа на памет, изјави Ердоган во обраќање на Конференција за правата на жените што се одржува во Истанбул.

Тој нагласи дека ниту тој, а ниту неговиот народ не се плашат од „празните закани“.

Нема да има влијание дури и ако сите ја одобрите резолуцијата на Европскиот парламенет, им порача Ердоган на европските партнери, обвинувајќи ја при тоа ЕУ дека продолжува да води антитурска политика.

Тој потенцира дека во моментов Турција се грижи за три до 3,5 милиони сириски бегалци, додека ЕУ не се ни обидува да ги исполни ветувањата кои ги дала со договорот за запирање на мигрантскиот бран кон Европа.

Европарламентот вчера усвои необврзувачка резолуција со кој се повикуваат Европската комисија и сите земји членки на ЕУ „да иницираат времено замрзнување на пристапните преговори“ со Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.