Ерик Ламела го постигна “голот на годината”

Иако често сме сведоци на прекрасни голови, особено кога се работи за натпревари на највисоко ниво како оние во рамките на Лигата на Европа, сепак ремек-делото на Ерик Ламела вреди да се издвои.

По една навидум не толку опасна акција во 36-та минута, Ламела сочека одбиена топка и со популарниот удар “рабона” ја смести во спротивниот агол од седумнаесетина метри. Ова беше втор погодок за Тотенхем на мечот против Астерас, а до крајот тимот од Лондон успеа да слави со убедливи 5:1.