Ерјавец: Границите на Западен Балкан нема да се менуваат

Шефот на словенечката дипломатија, Карл Ерјавец за новинската агенција Анадолија изјави дека границите на Западен Балкан се фиксирани и дека нема повеќе да се менуваат.

– Секако, тука и таму постојат некои нејаснотии или можеби две земји имаат различно мислење за тоа каде е навистина границата, посочи Ерјавец.

Тој потсети дека Словенија има проблем околу границата со Хрватска, кој наскоро ќе биде решен „на цивилизиран начин“ односно пред Арбитражниот суд во Хаг.

– Во септември очекуваме конечна одлука и двете држави ќе ја почитуваат, посочи Ерјавец, додавајќи дека „единствен вистински рецепт за сите проблеми е да се решаваат со дијалог“.

Словенечкиот министер за надворешни работи осврнувајќи се на евроатлантските интеграции на земјите од регионот посочи дека Црна Гора е има најдобра перспектива.