Ерменија ja поддржи анексија на Крим

Ерменија ja поддржи анексија на Крим, пренесе „УНН“. Вчера претседателот на Ерменија, Серж Саргсјан разговарал со својот руски колега Владимир Путин за ситуацијата по референдумот во Крим. За време на разговорот и двајцата констатирале дека ова е уште еден пример за остварување на правото на народите да се самоопределуваат.

Двајцата лидери ја истакнале потребата за почитување на нормите и принципите на меѓународното право.