сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Ерменскиот премиер поднесе оставка

Решив да поднесам оставка и да му се даде на претседателот можност да состави нова влада, рече Абрамјан, пренесува БТА.

rmenija

Последни вести

Премиерот на Ерменија Овик Абрамјан, на крајот на денешната владина седница, објави дека поднесува оставка.

– Решив да поднесам оставка и да му се даде на претседателот можност да состави нова влада, рече Абрамјан, пренесува БТА.

Тој изјави дека е убеден дека треба да се мисли на заедничкиот успех и да се даде шанса на новата влада „со нови пристапи да го консолидира општеството”.

Абрамјан стана премиер на 13 април 2014 година. Тој е потпретседател на Републиканската партија на Ерменија, на чело на која е претседателот Серж Саргсјан.

Најчитани вести