Еропските челници и натаму одбиваат преговори за трговските односи со Лондон

Германската канцеларка Ангела Меркел и другите челници на земјите членки на Европската унија кои во четвртокот вечерта се собраа во Брисел на дводневниот самит ги отфрлија повиците на британската премиерка Тереза Меј во рамките на преговорите за британското излегување од Унијата да се покренат и разговорите за идните трговски односи меѓу двете страни.

Британската премиерка Тереза Меј се надеваше дека во текот на работната вечера доцна во четвртокот ќе успее да ги наговори другите 27 челници на земјите членки да започнат трговските преговори за да ги стивне критиките во домашната јавност, пренесува Reuters.

Прелиминарните разговори беа фокусиран на правата на државјаните, на финансиските услови за Брегзот-от и копнената граница во Ирска, но европските преговарачи велат дека е потребно да се направи поголем напредок за да се отворат разговорите за идните односи, вклучително и за трговските.

Иако германската премиерка Ангела Меркел позитивно зборуваше за напредокот на преговорите за британското истапување од ЕУ, велејќи дека „за разлика од ситуацијата којашто ја опишуваат британските медиуми, имам впечаток дека разговорите напредуваат чекор по чекор“, таа сепак истакна дека разговорот за трговијата нема да може да започне најскоро до декември.

Германската канцеларка рече дека говорот на британската премиерка во текот на работната вечера не ги променил нејзините ставови, но даде дека е уверена дека преговорите ќе успеат. „Од своја страна, не гледам никакви индиции дека нема да успееме“, рече Меркел.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Меј во текот на вечерата не дала никакви нови предлози. Претходно тој ја повика британската премиерка во рамките на преговорите за финансискиот договор за излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ стави „повеќе месо на коската“.
„Разговарав (со Меј) и ѝ кажав: ‘слушај, потребна ни е поголема јасност, особено околу сметките“, изјавил Руте за новинарите во Брисел, пренесува агенцијата DPA.

Откако го сослушаа излагањето на Меј за состојбата на преговорите за Брегзитот, се очекува дека 27 челници во петокот ќе ја одобрат изјавата во којашто наведуваат дека уште не може да дадат мандат за започнување на преговорите за идните односи. Сепак, се очекува, според DPA, дека ќе го поддржат позитивниот моментум во разговорите и ќе повикаат на почеток на интерни подготовки за покренување на преговорите за да можат тие да започнат во декември, под услов дотогаш да се постигне задоволителен напредок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.