Еротиката и ѕвездите: Лавиците сакаат леопардови шари, Водолиите маски и перја

Никој не е имун на еротската долна облека и на за водливите кррпчиња кои често ги криеме во гардероберите, за подарување, купување никогаш не е потребен посебен повод. Но, каква еротска долна облека сакаат хороскопските знаци?

Овен

Овновите сакаат долна облека во бои, особено портокалова и црвена. Ако сакате да заведете Овен, одлучете се за комбинација од портокалово и црн сатен или свила. Овновите го сакаат и беби-дол стилот. Тие без проблем ќе паднат и на црни подвезици, а ако ги искомбинирате со вртоглаво високи потпетици, тоа ќе биде полн погодок.

devojka-u-donjem-vesu-1415809199-51024

Бик

Биковите сакаат се што е или премногу предизвикувачко или премногу детско. Розово-црна е нивната омилена комбинација. Жените родени во овој знак обожуваат кожни чевли со мрежести чорапи. Машките припадници на овој знак ги привлекуваат жени со тетоважи и присинг. Некои бикови сакаат и да се врзуваат за време на сексот.

Близнаци

Близнаците имаат прилично преверзна страна во себе. Уживаат во секс во униформи, како медицински сестри, учителки, полицајци…Жените родени во овој зн ак сакаат и кимона и кожни трикоа.

devojka-u-donjem-vesu-1415809234-51023

Рак

Жените родени во знакот на Рак сакаат долги, проѕирни ноќница, прекриени со светки. Омилени бои за долна облека им се зелена и црвена, а го обожуваат сатенот. Раковите сакаат и бела долна облека, а многу жени родени во овој знак сакаат да се облекуваат инфантилно.

Лав

Лавиците обожуваа долна облека со шари на тигар, леопард. Тие се сензуални суштества и сакаат и малку крзно на сопствената кожа. Секој костум кој го облекуваат на себе содржи некој вид на опшака или уши бидејќи тоа им е на некој начин секси. Сакаат свила, сатен и машнички, но и модели од 50-те и 60-те години.

devojka-u-korsetu-1390320036-24808

Девица

Жената родена во знакот на Девица е прилично скромна и преферира практична долна облека. Ако се подготвува за некоја секси акција, ќе одбере корсет кој ќе биде закопчан колку што е можно повеќе околу половината, а се чувствува добро и во мрежести чорапи.

Вага

Со Вагите владее планетата Венера, па затоа жените од овој знак најчесто бираат луди и најсексапилни облеки кои можат да се пронајдат. Розовата, жолтата и сината им се омилените бои на овој знак, а сакаат да носат и златна долна облека, платформи, проѕирна облека.

devojka-u-vesu-1387818207-22616

Скорпија

Скорпиите се многу секси по природа и сакаат кожа, винил и пластика. Омилена боја им е црната. Фетиш им се секс играчките и додатоците како гердан за куче, јапонса опрема за врзување и ланци, а сакаат и високи чизми.

Стрелец

Жените Стрелци обожуваат сензуални корсети, а својот сексапил го истакнуваат преку долгите нараквици, високите чизми и долна облека со многу копчиња. Сакаат плишани работи. Виолетовата, црвената и зелената им се омилени бои.

devojka-u-vesu-1408307193-44450

Јарец

Јарецот е многу чувствителен знак и смета дека памукот е многу сензуален и секси. Висококвалитетна ноќница е секси за овој знак, па дури и таа ако е закопчана до грло. Ги возбудуваат и предмети кои светкаат. Многу жени родени во овој знак сакаат да носат мрежести чорапи и танги, сатенски градници и гакички во розова, сина или жолта боја.

Водолија

Овој визионерски знак сака долна облека од футуристички и сјаен материјал. Светло црвената и темно виолетовата боја се нивните омилени, а перјата, маските, свилените траки и шалови се омилените додатоци. Ги возбудуваат викторијански кожни чизми, како и женствени ракавици без прсти.

devojka-u-seksi-vesu-1412074611-48950

Риби

Рибите не се толку живи и диви сексуално, но затоа многу сакаат памучни ноќници исшарани со рози и сини траки, како и ноќници од ликра со цветни дезени. Обожуваат високи потпетици. На машките претставници на овој знак им се допаѓаат жени кои носат машка долна облека или пак кои спијат во машка блуза. Ги возбудува изгледот на невина студентка.