ВИДЕО: Ерупција на вулканот Етна, има повредени

Вулкан Етна Италија

Најмалку десет лица биле повредени, кога италијанскиот вулкан Етна ненадејно еруптирал вчерапопладне, и исфрлил големо количество лава.

Меѓу повредените има научници и туристи, а шестмина од нив биле хоспитализирани. Првичните информации велат дека луѓето имале изгореници, а некои од нив биле погодени од врели камења.

Пипо Мацагља, туристички водич, вели дека биле група од околу 20 лица, кога вулканот Етна неадејно еруптирал.

Според него експлозијата била предизвикана поради контрастот меѓу топлината на лавата од вулканот и снегот и мразот на планината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.