недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 24

Ерупција на вулканот на Алеутските Острови

Вулканот Богослоф, кој се наоѓа на Алеутските Острови близу Алјаска, еруптираше вчера околу 16 часот, соопшти Вулканската опсерваторија на Алјаска, прогласувајќи највисоко ниво на подготвеност на Авијацијата.

богослоф

Поврзани вести

Вулканскиот пепел достигна висина од 10 километри, но сега ситуацијата се смирува. Пареата и пепелот сепак, предизвикаа загадување на воздухот, наведува изворот.

Вулканот Богослоф се наоѓа северозападно од градот Енкориџ.

Најчитани вести