Еруптира најголемиот активен вулкан во Јапонија

Најголемиот активен вулкан Асо во Јапонија еруптираше. Над кратерот на вулканот се издигна столб од вулканска пепел висок еден метар. Од областа на вулканот се евакуирани голем број туристи. 

Околината на Асо беше потресена од поситни земјотреси, а вулканска пепел се посипа во радиус од 30 километри околу вулуканот.

Асо е еден од најголемите вулкани во светот. Тој е висок 1.592 метри. Неговиот калдера кратер се смета за еден од најимпресивните во светот со радиус од 120 километри.