Ерусалим бара доброволци за Граѓанска заштита

Локалната власт во Ерусалим објави дека бара доброволци за служба во Граѓанска заштита, по последните терористички напади во градот каде ситуацијата е исклучително тензична, објави МИА.

Пред два дена по напад во синагога во Ерусалим загинаа пет луѓе.

Досега во Граѓанската заштита се пријавиле речиси 300 доброволци.

Во дел од градинките во градот веќе е поставено вооружено обезбедување. Во Ашкелон во јужен Израел, градските власти забранија арапи да работат во детски градинки