недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Есенска акција за садење 5.000 дрвја во Скопје

Во текот на изминативе години, односно од 2009 година до сега на територијата на градот имаме засадено околу 70. 000 садници, а и следната година планираме да засадиме околу 5.000 садници и да подигаме нови зелени површини- истакна градоначлникот Трајановски.

Есенска акција за садење 5.000 дрвја во Скопје

Есенска акција за садење 5.000 дрвја во Скопје

Последни вести

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо  Јакимовски, советници од Советот на Град Скопје, директори на јавни претпријатија и ученици од средните училишта, денеска, учествуваа во садењето 360 листопадни дрвја во вториот дел на Парк Македонија, во рамките на  есенската акција за садење  5.000 дрвја на територијата на градот.

– Во есенската акција на Градот Скопје ќе бидат засадени 5.000 садници по булеварите и во сите опшини, односно во дрворедите на булеварите, во парковите и  во блоковското зеленило во општините. Оваа акција ја започнавме малку порано во СУГС „Васил Антевски –Дрен“, кога го почавме садењето на 500 садници во сите  средни училишта, а во рамките на неа  ќе се садат садници и во дрворедите на булеварите и на некои од нив веќе се спремни, односно ископани дупките.  Дополнително, на заинтересираните урбани и месни заедници и куќни совети Градот Скопје додели околу 4.000 садници, во две акции, пролетна и есенска. Инаку, во текот на 2015 година на јавните зелени површини екипи на Градот Скопје, вклучувајќи ја и оваа акција, имаат  засадено  над 9.500 садници. Поголем број од новозасадените садници, односно 7.500 се од домашно произвоство, од расадниците на ЈП „Паркови и зеленило“ и еден помал процент, односно 2.500 садници кои се  увезени од надвор. Градот Скопје организира континуирани акции за засадување нови дрвја на јавните површини, подигаме нови зелени површини и уредуваме нови катчиња за одмор и рекреација во природа, со што  придонесуваме за почиста животна средина и за зачувување на здравјето на граѓаните. Во тек е изградбата и на паркот во Аеродром, кој е со површина од 80. 000 квадратни метри, а исто така следната година планираме во соработка со Општина Карпош  да го уредиме и просторот  крај булеварот Теодосиј Гологанов. Во текот на изминативе години, односно од 2009 година до сега на територијата на градот имаме засадено околу 70. 000 садници, а и следната година планираме да засадиме околу 5.000 садници и да подигаме нови зелени површини- истакна градоначлникот Трајановски.

Есенска акција за садење 5.000 дрвја во Скопје

Есенска акција за садење 5.000 дрвја во Скопје

Градоначалникот на Општина Карпош го изрази своето задоволство од одличната досегашна соработка со Градот Скопје и посочи дека таа ќе продолжи и во иднина, особено за проекти кои ќе ја подобрат животната средина на жителите на неговата општина.

Најчитани вести