Ешерихија коли пронајдена во струшкиот водовод

Ешерихија коли пронајдена во струшкиот водовод
Ешерихија коли пронајдена во струшкиот водовод

Ешерихија коли и други колиформни бактерии се пронајдени во водата од градскиот водовод во Струга при анализата што пред два дена ја извршил регионалниот центар за јавно здравје од Охрид. Анализата била направена на барање на Дирекцијата за храна, која донесе  забрана за употреба на водата од градскиот водовод во Струга, информираа од регионалниот центар за јавно здравје во Охрид, објави „Телма“.

Од Дирекцијата за храна вечерва потврдуваат дека е изречена забрана за користење на водата за пиење само во Калишта и дека било побарано од градските власти да издадат предупредување до граѓаните за тоа. Иако другите надлежни информираа дека е неисправна водата во градскиот водовод, засега не се прецизира дали тоа се однесува на водоснабдителниот систем во целата општина.

Граѓаните на Струга се затекнати и велат дека нив никој не ги известил оти има проблеми со водата за пиење, за што се информирале од социјалните мрежи.

Струшката јавност очекува објаснување од надлежните институции и јавното претпријатие Водовод, што точно се случува и доколку има зошто не е информирана за проблемот со водата за пиење, со што, според неа, во опасност се доведува здравјето на граѓаните.