Балкан

Ешдаун: Босна е опасност за регионот

Ешдаун: Босна е опасност за регионот

Некогашниот висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Педи Ешдаун предупредува дека состојбата во БиХ претставува опасност за целиот регион и ја повикува Европската Унија што побрзо да се одлучи да се заангажира за да ја спаси државата од пропаст.

Ешдаун, во расправата водена во Домот на Лордовите во британскиот Парламент, изјави дека состојбата во Босна е толку лоша што не треба да се исклучува новата можност за нова војна.

Во интервју кое го објави „Дневни аваз“, Ешдаун објасни дека таквите негови оценки се резултат од наодамнешните општи избори во Босна, кои и донеле и не донеле промени.

Тој нагласил дека под тоа мисли на истите воени лица кои и денеска влајдеат, а позотивно ги оценил промените како избор на нови луѓе во Претседаништвото на БиХ.

Не наведува имиња, но сепак, вели дека моќта на Милорад Додиќ сериозно е опадната.

„Ако политичарите во Босна ги искористат малите промени кои доведоа до избори, па направат голе ми промени, тоа ќе биде многу добро“, вели Ешдаун и предупредува дека клучот е во јакнење на функционалноста на државата.

Постоењето на ентитер, истакнува Ешдаун, не е спорно и тие ќе продолжат да постојат, но не смеат да се силат на штета на државата која каква што е во себе носиу многу опасен потенцијал за внатрешна дестабилизација, но и дестабилизација на целиот регион.

Ешдаун оцени дека Унијата треба сега да покаже политичка волја и од БиХ да направи функционална држава, посебно поради тоа што САД нема да води процеси во БиХ, но ќе и биде поддршка доколку промените ги започна Европската Унија.

„Ако не сте подготвени да го убиете змејот нема да ја спасите заробената млада девојка“, е сликовитиот опси на своите британски лордови кои ги предупреди дека БиХ станува важна и за Русија, бидејќи, како што тврди тој, Москва вешто манипулира со Додиќ и статусот на Република Српска кои пробуваат да го одвлечат вниманието од случувањата во Украина.

Новиот руски амбасадор во БиХ, Перт Иванцов, во интервју за „Ослобоџење“, изнесува сосма други оценки од Ешдаун.

Резултатите од изборите всушност потврдија дека Додиќ и понатаму е популарен во РС, а дека политичарите во Босна никако не би требало да дозволат некој да ги учи како да формираат власт.

„Јас не гледам дека Босна и Херцеговина е стигната до фаза на распаѓање“, е јасен Иванцов и додава дека сега е ред на Партијата на демократската акција, Хрватската демократска заедница во БиХ и Сојузот на независни социјладемократи да воспостават власт и да одлучат како ќе ја водат државата.

Русија ја поддржува желбата на Босна да стане членка на Унијата, но заклучи дека тоа не треба да го прави под притисок.