Ешли Кол му кажа збогум на Челзи

Искусниот лев бек од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Ешли Кол, потврди дека во новата клупска сезона нема да престојува на „Стемфорд Бриџ”.

„Во овој момент ги разгледувам сите опции кои ги имам на располагање. Ги разгледувам сите понуди кои пристигнаа на мојата адреса. Раговарам со мојот агент и двајцата ќе одлучиме што е најдобро за мојата фудбалска кариера. Во сите овие опции ја нема таа на Челзи. Во новата клупска сезона нема да престојувам на „Стемфорд Бриџ”, изјави поранешниот репрезентативец на Англија кој за неколку дена ќе има и статус на слободен фудбалер.

Иако на неговата адреса пристигнаа неколку примамлии понуди, Кол е најзаинтересиран за тие кои се испратени од раководните лица на Ливерпул и Тотенхем.

Челниците на Тотенхем му нудат поголема неделна плата, но тие на Ливерпул му гарантираа настап во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.