Ешли Кол најави Скудето за Рома

Најзвучната летна аквизиција на италијанскиот калчолигаш Рома, поранешниот репрезентативец на Англија и фудбалер на Челзи, Ешли Кол, е убеден дека“волчицата”, може да го освои популарното”скудето” во новата клупска сезона.

„Можев да се преселам во Соединетите Американски Држави, понудата беше одлична. Желба ми е да победувам. Поради тоа сум во Рим. Тоа е мојот победнички менталитет. Мојата цел е како и на мојот тим е освојување на шампионската титула. Ќе се обидеме да го освоиме италијанското Скудето“, изјави офанзивниот лев бек.