Спорт

Ешли Кол стави крај на репрезентативната кариера

Ешли Кол стави крај на репрезентативната кариера

Искусниот лев бек на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Ешли Кол потврди дека пред неколку часа имал телефонски разговор со актуелниот селектор на Англија, Рои Хоџсон и за време на истиот му било соопштено дека нема да добие покажна за настап на престојниот Мундијал во Бразил.
Поради таквиот развој на настаните, Кол веќе донел одлука дека става крај на репрезентативната кариера.

„Добив телефонски повик од селекторот на Англија, Рои Хоџсон. Ја прифатив неговата сугестија дека репрезентацијата треба да биде составена од помлади фудбалери. Мислам дека ова е идеалниот момент за да ставам крај на мојата репрезентативна кариера. Имаме одличен селектор и одличен тим. На Англија и посакувам се најдобро, само успех на престојниот Мундијал во Бразил. Ќе бидам најголемиот фан на Англија. Фала на сите”, напиша Кол на својот официјален профил кој го има на познатата социјална мрежа “твитер”.