Балкан

Ештон: Сараево да се приближи до Брисел

Ештон: Сараево да се приближи до Брисел

Европската унија е подготвена да им помогне и да ги поддржи Босна и Херцеговина во сите акции кои што ќе ги води кон приближување на Сараево кон Брисел, рекла високата претставничка на ЕУ за надвошрена политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Пред седницата на Советот за надворешна политика на Европската унија, кој денеска расправа за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Ештон рекла дека во таа земја е потребна вистинска акција од нејзините лидери кои мора да најдат решенија за некои од проблемите, додека ЕУ економски и политички да помогнат.

„Им реков на лидерите на Босна со кои се сретнав да излезат со пакет мерки, а ЕУ ќе им помогне да ги поддржи , но тие мора да ги решат проблемите“, рекла Ештон во Брисел.