Ештон се сретна со лидерите на украинската опозиција

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон се сретна со лидерите на украинската опозиција во пресрет на преговорите со претседателот на земјата Виктор Јанукович, соопшти „РИА Новости“.

На средбата учествувале претседателот на политичкиот совет на партијата „Баткивштина“ Арсениј Јаценјук, лидерот на партијата „Удар“ Виталиј Кличко и шефот на националистичката партија „Слобода“ Олег Тјагинбок.

Ештон пристигна во дводневна посета на Киев.