Свет

Ештон: Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ не е закана за односите меѓу Киев и Москва

Ештон: Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ не е закана за односите меѓу Киев и Москва

Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон, смета дека договорот за асоцијација меѓу Украина и Европската унија не претставува закана за односите меѓу Киев и Москва, јави „Интерфакс“.

„Русија нема од што да се плаши. Ништо не ги ограничува нејзините историски, економски и социјални врски со соседите“, истакна Ештон.