Ештон вети финансиска помош на Украина

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон изјави дека западните сили рабoтат на финансиска помиш на Украина, чијшто износ нема да биде мал, а нема да биде условен ни со тоа Украина најпрво да направи договор со Меѓународниот монетарн фонд.

Ештон во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека помошта сепак зависи од тоа, дали новата украинска влада ќе ги примени економскo-политичките реформи.

Тој пакет на помош, за кој најголемите европски и американски официјални лица разговараа на маргините на Безбедносната конференција во Минхен минатиот викенд, ќе претставува до сега најконтроверзен потег на Западот откако повторно е покрената геополитичка борба за Киев, односно откога претседателот на Украина, Виктор Јанукович се откажа од Договорот за придружување со ЕУ. Наместо тоа, склучи договор со Русија за помош од 15 милијарди долари, пишува „Волстрит журнал“.

Официјална Москва е загрижена поради тоа што Јанукович изврши реконструкција на владата за да им се удоволи на демонстрантите.

Ештон, меѓутоа се дистанцираше од барањето за одржување на предвремени претседателски избори во Украина, кои треба да се одржат следната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.