Есиен: Здрав сум и немам ебола

Еден нигериски медиум бјави дека Микел Есиен е заразен со вирусот ебола, но набрзо фудбалерот сето тоа го демантираше.

-Јас сум здрав и 100% подготвен, интернет шпекулациите дека сум заразен од ебола се неточни. Јас сум одлично и тренирам секој ден. Овој вирус е сериозна работа и луѓето не смеат да се шегуваат со тоа. Кој и да го напишал тоа, е непрофесионално од негова страна, напишал Есиен на својот Инстаграм.