Еск-шефот на кампањата на Трамп им плаќал на европски политичари да лобираат за Украина

© AP Photo / Alex Brandon

Пол Манафорт, поранешен шеф на кампањата на сегашниот американски претседател Доналд Трамп, тајно исплатил повеќе од две милиона евра на европски политичари за да лобираат за владата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, се наведува во обвинението на специјалниот американски обвинител Роберт Мјулер, пишува во неделата американската агенција Bloomberg.

Иако ниеден поранешен челник не е именуван во тоа обвинение, другите документи покажуваат дека станува збор за поранешниот италијански премиер Романо Проди, поранешниот австриски канцелар Алфред Гусенбауер, како и на поранешниот полски претседател Александар Квашњевски.

Тие во саботата негираа дека примале пари од Манафорт. Проди и Гусенбауер истакнуваат дека се залагале за подобри односи меѓу Украина и Европската унија пред во почетокот на 2014 година да избувнат протестите во Киев кои подоцна прераснаа во вооружен судир.

Австрискиот канцелар за BBC потврди дека во 2013 година посетил членови на американскиот Конгрес во рамките на „благородни“ напори Украина да ѝ се приближи на ЕУ и верувал дека неговиот труд го финансирала американска компанија, а не Манафорт или владата на поранешниот украински претседател кој една година подоцна замина во егзил.

Во обвинението на Мјулер, Манафорт се товари дека основал организација „Хапсбуршка група“, при што погрешно го напиша името на монархијата која со векови владееше во Европа. Лобирањето на поранешните политичари привидно го претставил како независни анализи, се додава во документот.

Во обвинението се наведува дека со таа група управувал поранешен канцелар на една европска земја чиешто име не се наведува, пишува Bloomberg.
Мјулер кон средината на февруари против Манафорт подигна и обвинение кое се однесува на банкарска измама, а минатата година веќе беше обвинет за перење пари и испуштена обврска да се пријави како странски агент. Првите обвиненија против него следеа откако специјалниот обвинител ја покрена истрагата за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.

Шеесет и осумгодишниот Манафорт беше шеф на изборната кампања на Трамп од јуни до август 2016 година, а оставка поднесе по извештаите дека илегално промил милиони долари од политичка партија во Украина.

Претходно во петокот бепше објавено дека 45-годишниот Рик Гејтс, заменик на Манафорт и негов деловен соработник ја признал вината и би можел да соработува со специјалниот обвинител Роберт Мјулер во истрагата околу наводното мешање на Русија во американските претседателски избори.

Во рамките на спогодбата, Гејтс признал дека ги лажел агентите на Федералното биро за истраги (FBI) за средбата во Вашингтон во март 2013 година со американски конгресмен на кој се разговарало за Украина и на кој присуствувал Манафорт.

Манафорт во соопштение во петокот порача дека „и покрај признанието на Гејтс продолжува да ја рани својата невиност“. „Се надевав и очекував дека мојот колега ќе има сили за продолжување на правната битка. Поради причини коишто допрва треба да се откријат, одлучил да постапи поинаку“, изјави Манафорт.

Тимот на специјалниот обвинител во 32 точки од обвинението тврди дека Гејтс и Манафорт сокриле од американските даночни власти над 30 милиони долари приходи. Двајцата ланскиот октомври, кога првпат беа обвинети, изјавија дека не се виновни за перење на 74 милиони долари преку сметки во офшор компании.