ЕСМ доби одобрение за исплаќање транша од 7,5 милијарди евра пмош за Грција

Министрите за финансии од еврозоната дале одобрување на Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) за исплаќање транша од 7,5 милијарди евра на Грција, објавија грчки медиуми.

Се очекува траншата да биде одобрена денеска и од ЕСМ, а парите да пристигнат во Атина во следната недела.

Според грчки извори, финансиската помош во Грција се очекува в понеделник, симболично и како порака за британските гласачи пред референдумот за да се покаже што значи солидарност во Европа. Станува збор за прв дел од втората транша во рамки на трета програма за економска помош на Грција чија вкупна вредност е 86 милијарди евра.