Еспањол ја надигра Малага

Фудбалерите на Еспањол остварија значајна победа на синоќешното гостување кај Малага со 2:0 и со новите три бода се приближија кон местата на табелата кои обезбедуваат учество во евро-куповите следната сезона.

Алваро Гонзалес во 41. минута и Серхио Гарсија во третата минута од судиското надополнување ја обезбедија победата на Еспањол.

На другите четири завршени натпревари од 23. коло во Примера постигнати се овие резултати: Севиља – Кордоба 3:0, Реал Мадрид – Ла Коруња 2:0, Гранада – Атлетик Билбао 0:0 и Алмерија – Сосиедад 2:2.

Денешната програма ја сочинуваат Валенсија – Хетафе, Барселона – Леванте, Рајо Ваљекано – Виљареал и Селта Виго – Атлетико Мадрид.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Еибар – Елче.

Табела: Реал Мадрид 57 бодови, Барселона 53, Атлетико Мадрид 50, Севиља 45, Валенсија 44,…