Есте Лаудер: есенски козметички луксуз за секоја жена

Дека на секоја жена и’ е потребен мал луксуз во нејзиниот живот, и’ беше добро познато на госпоѓата Есте Лаудер. Таа во 1956 година ја креираше првата луксузна линија за нега на лице насловена Re-Nutriv, по значењето на англискиот термин „renew“ кој значи обновување. Со желба да креира најдобри козметички производи за нега, ги побарала најдрагоцените и најретките состојки, комбинирајќи ги со напредната технологија на тоа време. Како резултат на нејзиното истражување создадена е Re-Nutriv, ексклузивна и луксузна линија на производи за нега на кожа.

По истите референции, реномираната компанија се води и во создавањето на најновите производи. Есенскиот календар за тековната 2014 година за своите ценети консументи нуди богата палета на козметички производи што би ги посакала секоја девојка и жена во својата козметичка торбичка. По тој повод се одржа тренинг предавање во кое консултантката за убавина Вики Трајковска, се вложи во обучувањето на директно инволвираните во продажбата, се со цел за постигнување соодветна и професионална понуда на клиентите.

DSC_2054-650x431

-Трите нови производи од каталогот што ги презентиравме на тренинг предавањето, се кремот Advanced Night Repair Eye, серумот Advanced Night Repair Serum и пудрата Perfectionist. Кремата и серумот доаѓаат во нова формула, а како и минатата година имаме збогатена технологија, а освен начинот од пристапот кон клиентите, ги презентиравме и новите техники на шминкање. Акцентот го ставивме и на блескавоста на кожата на лицето, бидејќи е докажано колку е по блескава и изедначена, кожата изгледа младо и здраво. Би истакнала дека Есте Лаудер серумот се издвојува како број еден од продаваните серуми во светот во период од 30 години. Јас како советник за убавина го препорачувам и за млада, но и возрасна зрела кожа. Неговото перфектно дејство го покажува долгото опстојување на пазарот и коментарите на задоволните клиенти, објаснува Вики.

DSC_2034-650x431

Присутните девојки и жени на тренг-предавањето, слушајќи ги советите и насоките од советничката за убавина, ги надополнија своите професионални вештини и пристапот кон клиентите. Секој нов производ практично беше тестиран, а потоа и анализиран за ефектот од дејствувањето.

DSC_1977-650x431

Делот околу очите е многу нежно, па затоа е и специфично за негување. Знаејќи го тоа, лансирани се два производи за нега на околу очната регија, кои ги таргетираат сите проблеми – кремот Advanced Night Repair Eye и серумот Advanced Night Repair Serum.

Advanced Night Repair Eye Synchronized Complex II овозможува сеопфатна нега на регијата под очите. И помага на кожата да изгледа помлада, посветла и помалку уморна. Ги поправа настанатите оштетувања кои доведуваат до појава на привремени знаци за стареење на кожата, предизвикани од надворешните влијанија. Текстурата богата со гел, го хидратизира и измазнува регијата под очите. Содржи хијалуронска киселина која овозможува длабинска хидратизација.

estee-lauder-advanced-night-repair-eye-cream-serum

Advanced Night Repair Serum Synchronized Complex II содржи хијалуронска киселина и длабински хидатизира, а се употребува самостојно или пак пред употреба на крема за одделно дејствување. Докажано ги намалува видливите знаци на стареење околу очите – фините линии, бори, отеченост, подочиците, сувоста и неизедначениот тен. Серумот е интензивно хидратантен, благодарејќи на лесната текстура брзо се впива и ја смирува и освежува осетливата регија околу очите.

Пробајте ги новите козметички задоволста од ремонираниот бренд Есте Лаудер и направете го вашето секојдневие полно со свежина и убавина.

Преземено: Fashionel.mk